Сите сакаат во Германија
27 јуни 2012Според извештајот на ОЕЦД кој беше презентиран во Берлин и Брисел, бројот на луѓе кои трајно се доселиле во Германија во 2010 година е зголемен за десет проценти. Бројките за 2011 година, кои се‘ уште не се официјални, исто така покажуваат значително зголемување. Инаку, генералниот тренд во земјите на ОЕЦД говори за намалување на доселувањето поради економската криза, и тоа за 2,5 проценти.
Истовремено, состојбата на пазарот за работна сила за мигрантите во Германија е значително подобрена во споредба со другите земји. Стапката на вработеност на мигрантите во Германија, во периодот од 2008 до 2011 година пораснала за четири проценти и изнесува 66,5 проценти. Најголемиот дел од доселениците, според извештајот на ОЕЦД, доаѓаат од државите на ЕУ - Полска, Романија, Бугарија и Унгарија.