Синдикатот и Германски железници ќе преговараат
19 ноември 2007Реклама
Синдикатот на машиновозачите и германски железници утре ќе одржат средба на која треба да разговараат за проблемите. Точното место на средбата и терминот засега не се соопштуваат. Сојузниот министер за сообраќај Волфганг Тифензе изјави дека добил уверување од шефот на железници, Медорн дека ќе учествува на разговорите. Машиновозачите во Германија неколкупати штрајкуваа, барајќи повисоки плати и посебен тарифен договор.