Синдикално глобализирање
2 ноември 2006е најброен сепак не е независен. Извештај на Еберхард Нембах
Економијата е глобализирана, а истото мора да го сторат и работниците, гласи девизата со која се здружија двата најголеми светски независни синдикални сојузи во нова организација. Помалиот партнер, кој има Христијанско обележје е “Светски сојуз за работа“ а поголемиот е “Меѓународниот сојуз на слободни синдикати“ Досегашниот генерален секретар Гај Ридер би требало да биде на чело и на новиот меѓнароден синдикален сојуз:
“ Сведоци сме на историски настан. Новата организација ќе биде најрепрезентативна и најпогодна во историјата на синдикатот. Таа ќе има 166 милиони членови во светот, 309 национални синдикати од 156 земји и региони во светот. Во последните десетина години стана јасно дека веќе не постојат никакви причини за одвојување на националните синдикати кои веруваат во демократијата и независните работнички преставништва. Потребно ни е меѓународно синдикално движење за да се соочиме со предизвиците на глобализацијата“
Во минатиот век синдикалното движење беше пред се поделен на организации во комунистичките земји и различни христијански и социјалдемократски синдикати на западот. Промените во источна Европа и глобализацијата ја сменија ваквата ситуација, иако сите синдикати не се обединети.
Кинескиот синдикат има речиси исто толку членови, како новиот светски сојуз но во Виена немаше свои претставници бидејќи не е независен.
Независноста е важен предуслов за членство во новиот сојуз кој претстави и нови цели. На самиот врв е борбата против социјалниот дампинг и правата на жените. Економијата веќе одамна е глобализирана и сега тоа мора да го сторат и работниците, нагласува домаќинот на собирот Рудолф Хундсторфер, претседател на австрискиот синдикален сојуз:
“ Во прв план сакаме глобализацијата да почива врз фер основи, да се постави така што луѓето ќе можат од тоа да живеат. Тесно ќе ги поврземе синдикатите ширум светот и ќе мораме заедно и да настапуваме“
Хундсторфер додаде дека е горд што новиот синдикален сојуз е формиран токму во Виена. Неговиот синдикат во Австрија се наоѓа во тешка криза која е предизвикана со загубите во милијарди во синдикалната банка БАВГ