Силен земјотрес во Кина
14 април 2010Реклама
Бројот на жртвите и повредените може да се зголемува. Се претпоставува дека под урнатините има многу жртви, бидејќи повеќето куќи се урнати, информираше портпарол на цантралата за заштита од катастрофи од Јушу, за новинската агенција ДПА.
Според информации на радио станиците, во градот Јиегу уништени се меѓу 80 и 90 проценти од куќите. Во меѓувреме, се мобилизира помошта. Соседните провинции ги испраќаат своите тимови за помош при катастрофи. Владата во Пекинг најави дека ќе испрати 5.000 шатори, покривки и мантили. Ситуцијата во погодениот регион се опишува како хаотична.
Автор: АТ/ТТ/дпа
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска