Се создава втората по големина европска банка
23 април 2007Реклама
На европскиот банкарски пазар се случува нова спектакуларна фузија . Британската банка Барклис ја презема холандската банка АБН Амро за 67 милијарди евра. Ова денеска го соопштија претсавници на двете банки. Со спојувањето на барклис и АБН Амро се формира втората по големина банка во Европа и петта во светот со вкупно 47 милиони клиенти. Според извбештаи во холандските медиуми фузијата меѓутоа ќе значи укинување на речиси 13 илјади работни места.