1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се нормализира состојбата на северот на Косово

10 август 2011

Локалните Срби од неколку косовски општини почнаа да ги отстрануваат барикадите од патиштата кон граничните премини. Сообраќајот се одвива нормално.

https://p.dw.com/p/12Dpj
Фотографија: DW

Косовските Срби ќе ги тргнат барикадите кои водат кон граничниот премин Јариње на косовско-српската граница, јавуваат утрово српските медиуми, повикувајќи се на локални извори. Во наредниот период, наместо со блокади, Србите ќе организираат дежурства за да ја следат состојбата на спорните премини. Барикадите остануваат на уште неколку места на северот на Косово, но сообраќајот се одвива без проблеми. Вчера косовските Срби не успеаја да се договорат за прифаќање на предлогот на КФОР за надминување на кризата.

Автор: БГ/ТТ/б92, бета

Редактор: Горан Чутаноски