1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се затвора обрачот околу Мосул

БГ
2 ноември 2016

Ирачките елитни единици се пробиваат на џихадистичкото упориште Мосул, а воените команданти велат дека почнува „вистинското ослободување“ на градот од Исламската држава.

https://p.dw.com/p/2S143
Irak Mossul - Popular Mobilization Forces (PMF) während Operationen gegen IS
Фотографија: Reuters/Stringer

Две недели по почетокот на офанзивата за ослободување на Мосул, последното големо упориште на Исламската држава во Ирак, ирачките војници пристигнаа на само неколку километри од метрополата.

Најголемиот пробив е направен кон левиот брег на градот, велат ирачки воени команданти. Мосул е поделен од реката Тигрис, а источниот дел на градот се смета за лев брег.

Елитните ирачки сили го освоија клучното село Гоѓал и ја презедоа контролата врз зградата на телевизиската станица „Иракија“ на источната периферија на градот. 

Irak Militäroffensive in Mossul
Фотографија: picture-alliance/abaca/A. Izgi

Според проценките, во Мосул се стационирани меѓу 4 и 7 илјади џихадисти на Исламската држава.Портпарол на коалицијата предводена од САД, полковникот Џон Доријан, соопшти дека од почетокот на офанзивата врз позициите на ИД биле испукани „околу 3 илјади бомби, артилериски гранати, ракети и проектили“.

„Уништивме стотици борци, борбени позиции и оружје“, тврди Дорија.

Irak Militäroperation gegen IS bei Mossul
Фотографија: Reuters

Коалициските трупи тврдат дека се обидуваат да го заобиколат Мосул од сите страни, и да ги блокираат сите можни отстапници за борците на ИД. Но, според репортерите на теренот, на џихадистите сепак им останува можноста да бегаат на запад, кон Сирија, каде ИД сѐ уште контролира делови од територијата.

Откако ќе биде затворен обрачот, ирачките сили се очекува да отворат безбедни коридори за цивилното население. ОН проценуваат дека околу 600 илјади деца би можеле да останат заглавени во Мосул. Досега од градот успеале да избегаат околу 18 илјади луѓе. 

Се стега обрачот околу Мосул