1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коронавирус: И сексуалните работници погодени од кризата 

ДТЗ /ДВ
14 декември 2020

Црвените чадори годинава нема да маршираат низ улиците во земјата. Сексуалните работници бараат помош и заштита за да преживеат за време на пандемијата на коронавирус.

https://p.dw.com/p/3mipy
Symbolbild Prostitution | Prostituierte in London
Фотографија: picture-alliance/empics/Y. Mok

Годинава нема да се одржи традиционалниот Марш на црвените чадори. Корона-кризата ги зафати и сексуалните работници, оставајќи ги без егзистенција. Тие се чувствуваат погодени и од здравствен, но и од економски и социјален аапект. Бараат помош и заштита од институциите.
„Кризата не втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје, додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба“, реагираат сексуалните работници.

Кампања

Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници годинава се одбележува со нагласување на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува оваа заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19. Преку овогодинешната кампања насловена „НИЕ” сексуалните работници сакаат да испратат пораки до јавноста и институциите за проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат за време на пандемијата на коронавирусот.

- повеќе на темата: Корона: Проститутките во Германија смеат повторно да работат

Во кампањата се вклучија СТАР - Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини. Тие бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон заедницата.

Brasilien - Transgender Isolation
Сексуалните работници се особено ранлива популација во време на пандемијата на коронавирусотФотографија: Silvia Izquierdo/AP/picture alliance

Ранлива популација

Сексуалните работници, како особено ранлива популација во време на пандемијата на коронавирусот, бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон нив од повеќе аспекти.

- повеќе на темата: Корона-криза: Банкрот на најголемиот европски бордел

Клучни барања од институциите за заштита и поддршка на сексуалните работници се да бидат препознати како особено ранлива популација на Ковид-19 и последиците, да се формулира пакет социо-економски мерки, да се обезбеди непречено функционирање на услугите и програмите за ХИВ и намалување на штетите од употреба на дроги. Тие бараат превенција и поддршка на жртви на насилство за време на пандемијата, да им се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, како и олеснет пристап до хормонска терапија на трансродовите лица. Исто така, да бидат вклучени во процесите на креирање национални протоколи и политики како одговор за време на пандемијата, да се препознае сексуалната работа како работа и да се почитуваат нивните работнички права и да им се обезбеди здравствена и социјална заштита за време на кризата.
Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година, како спомен и  бдеење за жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Оттогаш, со одбележување на овој ден им се овозможува на сексуалните работници ширум светот да се здружуваат и со заеднички сили да се борат против дискриминација и насилство.

 

„Не треба да ги двоиме пациентите“