Северна Кореја го исклучи реакторот Јонгбјон
15 јули 2007Реклама
Северна Кореја, ја запре работата на нејзиниот атомски реактор во Јонгбјон. Претставник на американското министерство за надворешни работи соопшти дека за тоа е добиено известување од Пјонгјанг. Вашингтон го поздрави ваквиот развој и сега очекува потврда од тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија. Десет нејзини експерти вчера пристигнаа во Северна Кореја.