СДСМ покренува интерпелација за владата
5 јуни 2007Реклама
Пратеничката група на СДСМ покрена иницијатива за интерпелација на владата. Според најавите за одговорноста на кабинетот на премиерот Груевски ќе се расправа в четврток. Причина за интерпелацијата, меѓу другото се нарушениот меѓународен углед, застојот во политичките и економските реформи, нарушените меѓуетнички односи и личната безбедност на граѓаните, објавија денеска од опозиционата партија.