СДСМ повторно во Собранието, нема импичмент за Црвенковски
5 август 2008Реклама
Собранието на Македонија по вторпат го изгласа Законот за употреба на јазиците, за него овојпат гласаа и пратениците од опозициониот СДСМ. Тие се вратија во Парламентот откако претседателот на државата Бранко Црвенковски донесе одлука за помилување на уапсениот градоначалник на Струмица и потпретседател на СДСМ, Зоран Заев.
Македонскиот премиер Никола Груевски отфрли можност за импичмент на претседателот Бранко Црвенковски, иако одлуката за помилување на Ёаев ја смета за незаконска.