1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ги компромитира изборите

ДТЗ
31 октомври 2021

Богданка Кузеска посочи дека Ѓорче Петров, Кочани, Македонска Каменица се само дел од случаите каде што ВМРО-ДПМНЕ се обиделе незаконски да влијаат врз изборите

https://p.dw.com/p/42PhU
Pressekonferenz der Nordmazedoniens Premierminister Zoran Zaev nach den Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Денеска се одржаа фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните излегоа на гласање и дадоа правец каде ќе се движи државата и општините во наредните четири години. Каков ќе биде правецот ќе видиме по соопштувањето на резултатите од гласачките места, изјави вечерва од седиштето на  СДСМ, портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

Таа оцени дека денеска „победи демократијата и слободната волја на граѓаните и покрај обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги компромитира изборите“. 

Кузеска посочи дека Ѓорче Петров, Кочани, Македонска Каменица се само дел од случаите каде што „ВМРО-ДПМНЕ со своите режимски тактики се обиде незаконски да влијае врз изборниот процес“. 

„Граѓаните гласаа слободно и без притисоци и гласачката волја на граѓаните ќе биде испочитувања“, порача портпаролката на СДСМ.