1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ возврати на критиките од премиерот Груевски

СН/жа/миа29 мај 2014

СДСМ денеска најави искористување на механизмите за вонпарламентарно дејствување и како погубни за државата ги означи политиките на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

https://p.dw.com/p/1C92c
Фотографија: MAKFAX

Опозицијата ќе ги искористи сите демократски механизми за вонпарламентарно дејствување, а за тоа не мора да бара дозвола од партијата на власт, истакнува СДСМ во денешното соопштение.

Партијата оценува дека реакцијата на премиерот е очекувана и најави дека доколку опозицијата донесе одлука, ќе профукционира Парламентот во сенка, без разлика дали власта го сака тоа или не.

Осврнувајќи се на изјавата на Ивица Боцевски, СДСМ посочува дека Јавното обвинителство наместо да се занимава со, како што се вели, демократското право на функционирањето на опозицијата, треба да го проучи случајот со „Македонска банка“.

Според СДСМ, политиките на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се погубни за државата. Претходно денеска македонскиот премиер Никола Груевски, коментирајќи го вчерашното враќање на пратеничките мандати на најголемата опозициска партија, изјави дека деструктивната политика на СДСМ е штетна за државата.