„Свет во неред“
8 февруари 2008Реклама
Дискусијата за ангажманот на НАТО во Авганистан деновиве доживува кулминација: прашањето не ја одминува ни конференцијата за безбедност во Минхен. Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг одново ќе мора да лобира за својата позиција на воздржаност. Тој го одбива барањето од Холандија, Велика Вританија, Канада и САД за испраќање засилување на југот на Авганистан:
„Имаме јасен мандат од Бундестагот и договор во НАТО дека како наша одговорност тежиштето е во северен Авганистан, таму имаме регионална команда и тимови за обнова на земјата. Значи, нашето тежиште не е на југот, но јасно е, ако пријателите се во нужда, ние ќе помохмене. Тоа е веќе понудено во рамките на солидарноста во Алијансата“, вели Јунг.
Ова радо би го чул генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, но тој повеќе цени подолготрајно засилување на присуството на НАТО на југот. Прашање е уште колку долго ќе можат Германија и другите земји да се држат за досегашната регионална надлежност во Авганистан. Зашто, оваа земја за Сојузот веќе одамна стана голема опасност, ккао што истакнува организаторот на Конференцијата Хорст Телтчик:
„Алијансата прежиева многу кризи, ќе преброди и неуспех во Авганистан. Но тоа ќе ја разниша до темели. Дали потоа НАТО ќе биеде способен да интервенира надвор од територијата на своите членки?“
Неопходен став и за независноста на Косово
Во Минхен нема да стане збор само за безбедносно политичката улога на Европејците во однос на Авганистан. ЕУ мора да заземе став и за претстојното прогласување независност на Косово. За новоизбраниот српски претседател Борис Тадиќ Минхен нуди можност да води низа неформални разговори околу можните реакции. Западните политичари овојпат ќе бидат веројатно поштедени од пресолената критика на отворањето на конференцијата. Пред една година рускиот претседател Владимир Путин изврши генерално пресметување со западот. Оваа година воведниот говор го држи турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Од германска страна наместо германската канцеларка Меркел како во последните две години, ќе биде присутен министерот за надворешни работи и вицеканцелар Франк Валтер Штајнмаер. Тој ќе ја искористи можноста да повика на нова глобална иницијатива за разоружување. ►◄

Реклама