1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светските градови растат- Скопје напредува

БГ
12 април 2018

Македонскиот главен град се искачи од дното на листата од 150 светски градови во кои во изминатата година е забележан раст на цените на недвижностите. Доминираат германските градови.

https://p.dw.com/p/2vu5p
Mazedonien Zentrum von Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Скопје се искачи од последното, 150-то на 88. место во светот, според ранг-листата на консултантската куќа „Најт Франк“. Во анализата за првиот квартал од 2017 година, Скопје беше убедливо на последното место со пад на цените на недвижностите од 7 проценти. Но, во деновиве објавената нова ранг-листа, заклучно со четвртиот квартал од 2017, Скопје се искачи на 88. место со раст на цените од 3,5 проценти.

„Најт и Франк“ објавува редовни квартални извештаи кои го мерат индексот за домување во најголемите светски градови. Според последниот индекс, Скопје забележило голем напредок на листата, што значи дека цените на недвижностите започнале да растат.

На врвот на листата за 2017 година се наоѓа Берлин, каде цените на недвижностите пораснале за 20,5 проценти. Германскиот главен град се искачил на врвот благодарение на големиот раст на населението, стабилната економија, рекордно ниската невработеност и големиот интерес на странските инвеститори, кои заедно ги движат цените нагоре. 

Скопје без својот симбол - Универзалната сала

На второ место е турскиот Измир со раст од 18,5 проценти, а на трето главниот град на Исланд- Рејкјавик со 16,6 отсто раст. Уште два германски града, Хамбург и Минхен се најдоа во топ-10 листата.
Добриот пласман на листата не секогаш е резултат на позитивен развој, како што покажуваат примерите на повеќе градови. Во канадскиот Ванкувер но и некои градови во САД, на пример, цените растат поради недостаток на станбени површини или недвижности на пазарот. 

Целата анализа можете да ја прочитате на следниот линк.