Светот во боја
Тоа беше почеток на нова ера. Во раниот 20. век, браќата Лимиер открија револуционерен изум: фотографија во боја. Банкарот Алберт Кан веднаш реализираше фото-колекција наречена „Архивите на планетата“.
Духот на пронаоѓачот
Браќата Аугуст и Луис Лумиер долго работеа на својот изум. Во 1895. го патентираа првиот апарат за прикажување на слики во движење, со што се стекнаа со светска слава. Во 1907. на светот му ја презентираа и фотографијата во боја. Во Германија беа печатени минијатурни сликички за колекционери, на кои најчесто беа фотографирани објекти.
Нови перспективи
Во 1907. браќата Лумиер во Франција донесоа револуционерен изум: колор фотографија. Банкарот Алберт Кан со ентузијазам ја прими технологијата и започна сопствена колекција, неговата „Архива на планетата“. Новиот процес ја филтрираше светлината со малечки парченца од пресушен скроб - нешто слично на пикселите кои денес се присутни во дигиталната фотографија. Ајфеловата кула во 1911.
Архивите на планетата
Францускиот банкар Алберт Кан, тогаш еден од најбогатите луѓе во светот, побара од својот шофер да го испроба новиот процес додека бил на службено патување. Кан бил задоволен од резултатот и во 1908. ги испратил најдобрите фотографи на пат околу светот за да ги документираат различните култури. На фотографијата од 1913. се жени во традиционални носии на грчкиот остров Крит.
Културно разбирање преку фотографиите
Она што го издвојуваше проектот на Кан од останатите беше неговиот документаристички пристап кој го одбележуваше секојдневниот живот во различните култури. Пазарот за леб во Сараево во 1912. година е на оваа фотографија. Додека светот се подготвуваше за Првата светска војна, космополитот Кан нудеше запознавање со странските култури во Европа.
Едукација преку слајд-шоу
Фотографиите во боја беа прикажувани како слајдови во домот на Кан. „Алберт Кан имал салон за париското високо друштво во својот дом каде било инсталирано и кино“, вели фото-историчарот Ролф Заксе. Тој во моментов ја поставува изложбата „1914- светот во боја“ во музејот во Бон. Мостот во Мостар, Босна и Херцеговина бил фотографиран во 1913 година.
Почит за малцинствата
Фотографите кои биле испратени низ Европа и Азија имале задача да го документираат не само секојдневниот живот, туку и малцинските култури. „Во Србија биле фотографирани Албанците, во Истанбул- Ерменците, во Босна- христијаните“, вели Заксе. Протагонистите кои не стоеле мирно додека биле сликани, излегувале замаглени на фотографиите.
Фотографска авантура
Поради тежината на опремата фотографите морале да патуваат со коли. Покрај стативот и самата камера, им биле потребни уште дополнителни 300 до 400 стаклени плочи за едно патување. Фотографиите морале да бидат развивани навечер во шатор, за да не бидат осветлени. Оваа фотографија е сликана на границата меѓу Кина и Монголија.
На мисија за мир во светот
Од фотографите се барало да ги портретираат и верските лидери во земјите кои ги посетувале. На фотографијава од 1913. во близина на Улан Батор, фотографирана на осмата инкарнација на монголскиот Јалканз Кутугту. Плочите подоцна биле искористени и за универзитетските предавања на тема „човечка географија“ во Париз.
Фасцинираност од техниката
Честопати, локалните жители, како овие фотографирани во Индија, никогаш претходно во животот немале видено фотографска камера. „Фотографијата била процес резервиран за елитните класи“, објаснува Ралф Заксе. Но фасцинираноста од новата технологија помогна локалните жители да го надминат стравот од странците од Европа.
Иконите на колор-фотографијата
Туристичките мотиви, како Таџ Махал во Индија или пирамидите во Египет, исто така биле дел од задачите на фотографите. На Западот, малкумина луѓе ги беа виделе овие атракции, затоа што разгледниците тогаш биле правени со цртежи. Изложбите на Кан привлекувале голема посета во Париз. Тој успеал да собере 70 илјади фотографии од целиот свет.
Крајот на една визија
Една од последните фотографии во архивата на Кан е оваа на семејство во Париз, фотографирана во 1914. Со крајот на мировниот проект на Кан, започна Првата светска војна. Во 1929. Алберт Кан го загубил целото богатство по падот на берзите. Умрел во сиромаштија во 1940 година, кусо откако нацистите ја окупирале Франција.