Саркози сака помалку доселеници во Франција
7 март 2012Франсоа Оланд води во истражувањата на јавното мислење пред претседателските избори во Франција. Тој има два процента предност пред Никола Саркози - 30 наспроти 28 проценти.
Актуелниот престедател се бори со сите средства и во кампањата не се стеснува да игра со сите карти кои би му донесле некој глас повеќе. Вчеравечер (06.03), на тричасовен настап на телевизија, тој најави дека сака да го намалува бројот на доселеници во земјата - од сегашните 180.000 на 100.000 годишно. Освен тоа, Саркози сака да ги услови социјалните услуги со должината на престојот (кој не смее да биде покус од десет години) и периодот во кој доселеникот бил вработен (најмалку пет години). Во Франција има едноставно „премногу доселеници“, изјави Саркози за телевизијата Франс 2, додавајќи дека веќе не е можно да се обезбедат сместување, работа и образование за сите нив.
Автор: ЕМФ/дпа/афп/ртр
Редактор: Б. Георгиевски