Саркози во посета на Кина
25 ноември 2007Реклама
Францускиот претседател, Никола Саркози, отпатува во државна посета на Кина. По туристичката прошетка, вечерва на дневен ред е средба со кинескиот претседател, Ху Џинтао. Во фокусот на разговорите се развојната политика во Африка, како и заштитата на климата и економските односи. Саркози има намера во Кина да агитира за нарачка на авионите Ербас, како и за купување на два реактори на вода од француско производство.