Саркози во Берлин
17 мај 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел и новиот претседател на Франција, Николас Саркози имаат намера да постигнат брз напредок во решавањето на уставната криза на Европа. Мора да се дејствува бргу за Европа да се извлече од парализата, изјави Саркози вчера во Берлин по неговата прва средба со Меркел истиот ден кога ја презеде новата должност. Канцеларката, како претседавач на Унијата, му вети на Саркози тесна соработка за сите важни политички прашања. Посетата на Саркози на Германија, Меркел ја оцени како знак за исклучителното германско-француско пријателство.