1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Санчез повторно регуларен премиер на Шпанија

ЕМФ
7 јануари 2020

Во Шпанија е ставен крај на повеќемесечната политичка блокада. Вршителот на должноста премиер Педро Санчез денеска доби неопходно мнозинство гласови во парламентот и доверба да ја води владата.

https://p.dw.com/p/3Vqlh
Spanien Parlament in Madrid | Pedro Sánchez, Premierminister
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Fernandez

Партијата на сепаратистите ЕРЦ од Каталонија беше воздржана при гласањето во парламентот и со тоа овозможи избор на социјалистот Педро Санчез за премиер. Гласањето следеше по турбулентна и делумно прилично гласна дебата во парламентот. Првото гласање во неделата, на кое беше неопходно апсолутно мнозинство гласови, Санчез го загуби. Во вториот круг гласање освои тенко мнозинство гласови, но доволно за да биде избран на премиерската функција.

Конзервативната опозиција е возбудена пред сѐ поради дилот со Каталонците. Санчез за да ја добие поддршката на ЕРЦ мораше да ѝ вети на партијата политички дијалог за стремежите на Каталонија за независност. Опозицијата и дел од граѓаните се на мислење дека тој со тоа го поткопува Уставот.

Со изборот на Санчез завршува долгата политичка блокада во Шпанија. Избирачите во ноември излегоа на избори по четврти пат за четири години. Социјалистичката работничка партија на Санчез ќе владее заедно со левичарскиот сојуз Унидас Подемос. Ова е прва коалициска влада во поновата историја на Шпанија.

Spanien Parlament in Madrid | Pedro Sánchez, Premierminister
Педро Санчез беше жестоко критикуван од опозицијата во парламентотФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Fernandez

Формирањето на владата во Мадрид ќе го отвори патот за ратификација на протоколот со кој Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, со оглед на тоа што Шпанија е единствената држава која досега го нема направено тоа.