Самоубиствени напади во Техеран
7 јуни 2017Атентаторот самубиец во иранскиот парламент ѝ припаѓал на група напаѓачи кои исто така влегле во зградата, јави иранската државна телевизија.
Според агенцијата Исна, во парламентот упаднала група напаѓачи. Тие прво го убиле стражарот, а потоа еден од напаѓачите се кренал во воздух. Иранската телевизија Ириб јави дека еден напаѓач активирал експлозив во една од канцелариите во парламентот.
Веднаш потоа стигна веста дека и во мавзолејот на ајатолахот Хомеини, се случиле два самоубиствени напада на „терористи“.
Во нападите во Техеран, кои сѐ уште не се завршени, досега има осуммина загинати и повеќе повредени. Исна јави дека се затворени сите влезови и излези од парламентот. На пратениците и новинарите им е кажано да останат на местата. Одговорност за нападите презеде „Исламска држава“
Иран досега беше релативно поштеден од напади. Шиитската регионална сила е активна во конфликтите во Ирак и Сирија. Од страна на џихадистичката милиција „Исламска држава“ и други сунитски екстремистички групи постојано има закани против Иран, но досега во земјата не беа извршени поголеми напади.