1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД-Куба: добар почеток

Миодраг Сориќ/Превод: СН20 јули 2015

САД и Куба ги обновија дипломатските односи по цели 54 години. Тоа е добар почеток, ама мораше да се случи порано, истакнува Миодраг Сориќ во следниов коментар.

https://p.dw.com/p/1G1Ph
Фотографија: Reuters/Jonathan Ernst

Еден ден кога историчарите ќе ја анализираат ерата на Барак Обама, ова сигурно ќе биде означено како еден од неговите најголеми успеси: обновувањето на дипломатските односи со Куба, по повеќе од половина век во дел вистинско непријателство на политичката сцена. Всушност приближувањето кон Хавана требаше да апочне порано, требаше да го покренат претходниците на Обама, бидејќи ниту една комунистичка земја не останува таква каква што е кога нејзините граѓани ќе ги вкусат благодетите на пазарната економија. Порано или подоцна, диктаторите се принудени на компромиси. Вашингтон тоа долго не го сфаќаше, диру ни по падот на железната завеса во Европа.

Ненамерно, претходниците на Обама ги јакнеа комунистите во Хавана. Со децении тие можеа на „злобните Американци“ да им ја префрлуваат одговорноста за сѐ што кај нив ќе тргнеше наопаку: немаштијата или лошата инфраструктура. Тоа ќе се промени со воспоставувањето на дипломатските односи. Американскиот капитал, барем среднорочно, како голем бран ќе ја преплави Куба, и така , да се надеваме ќе ги однесе политичките наледници на браќата Кастро. Зошто на Вашингтон му требаше толку долго вреем за да покаже флексибилност и прагматичност кон карипскиот остров? До 1991. година американско-кубанскиот судир беше дел од Студената војна. Хавана беше упориште на Советскиот сојуз пред портите на САД, иако Фидел Кастро тоа не го сакал, барем на почетокот. Кога од покривите на Кремљ беше отстрането црвеното знаме и на Куба дојдоа економски тешки времиња. Буш постариот, Клинтон и Буш помладиот се надеваа дека кризата сама ќе ги собори црвената власт во Хавана. Ама, браќата Катро се покажаа пожилави, едноставно останаа, како диносауруси кои не сакаат да сфатат деја нивното време поминало.

Истовремено постоеше и силното влијание на Кубанците во американски азил. Нивниот актуелен лидер, сенаторот од Флорида и републикански претседателски кандидат Марко Рубио е загрижен противник на какво било затоплување на односите со Куба. Неговите родители се родени Кубанци. Одлуката на Обама да ги обнови дипломатските односи со Хавана, Рубио ги нарекува „предавство“ на жртвите на режимот на Кастро. Така се чувствуваат и стотици илјади Кубанци во егзил, особено оние постари од 40 години. Помладите се против политиката на блокада и со задоволство би ја посетиле татковината на нивните предци, која од брегот на САД е одалечена само 145 километри. Меѓутоа и тоа мало растојание досега беше речиси непремостливо. Тоа ќе се промени со воспоставувањето на дипломатските односи. Патувањата во Куба ќе станат поефтини и поедноставни. наскоро од САД ќе има редовни авионски линии за Хавана. А од наесен се воведува и траектна линија меѓу Флорида и Куба: три и пол часа за 170 долари. Интересот е огромен, владее своевидна златна треска.

Soric Miodrag Kommentarbild App
Миодраг Шориќ

Значи, сѐ е во ред? Сѐ уште не. Отворањето на дипломатските врати ќе внесе малку светло во политичкиот мрак на Куба. Луѓето поинаку ќе гледаат на секојдневието. Ќе дојде до промени, превирања, ќе биде тешко. Тоа го знаеме од искуствата на поранешните комунистички земји на источна Европа. Токму тогаш, ако не и порано, на Кубанците ќе им биде потребен силен финансиски партнер кој ќе им помогне во пребродувањето на политичкиот и економски пат кон слободно општество. Американците можат и мораат да бидат тој партнер. Но, само ако научат од грешките од минатото. Една од тие грешки е дека сакаат да се меѓаат во власта кај другите. Партнерство меѓутоа значи соочување на исто ниво. Воспоставувањето на дипломатските односи меѓу САД и Куба е добар почеток- ништо повеќе од тоа.