САД – Германија – клима
29 мај 2007Реклама
Германскиот министер за екологија Зигмар Габриел побара од САД зголемени напори во борбата против климатските промени. По средбата со претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси во Берлин, Габриел ја критикуваше недоволната готовност на компромиси на американската влада на овој план. Претставничката на демократското мнозинство во Конгресот не сакаше да се изјасни околу можностите официјален Вашингтон сепак да попушти на претстојниот самит на Групата Г8 во германскиот град Хајлигендам.