САД: Внимателно доколку патувате во Европа!
2 мај 2017Не постои конкретен повод за новото предупредување до патниците, соопшти соработник во Министерството за надворешни работи на САД во Вашингтон. Меѓутоа, дополни тој, опасноста од терористички напади во Европа е посебно голема пред летните одмори.
Како можни цели на напади се наведени трговски центри, владини објекти, хотели, клубови, ресторани, паркови, аеродроми и други локации. Стејт департментот во овој контекст укажува на најновите напади во Франција, Русија, Шведска и Велика Британија. Според Министерството на САД, екстремистичката милиција Исламска држава и Ал Каeда поседуваат „способност за планирање и изведување терористички напади во Европа.“
Актуелната проценета опасност за патување има важност до први септември. Последно, Стејт департментот издаде соодветно предупредување за патување во Европа пред зимските одмори. Неговата важност истече во февруари.