САД:спорниот закон помина во Сенатот
29 септември 2006дозволи употреба на техники на сослушување на работ на тортура.
Законот на пример му овозможува на претседателот и на неговиот министер за одбрана т.н. непријателски војници да ги изнесе пред воени судови,пред кои правата на обвинетите ќе бидат навистина проширени,но сеуште нема да одговараат на соодветните во постапките пред редовните цивилни судови.Така на затворениците,кои не се американски државјани,патот кон редовните судски инстанци им останува затворен.Тежок недостаток,како што велат организациите за заштита на човековите права,а и самиот претседател на Одборот за правда,Арлен Спектер за време на дебатата се пожали:
„Како ќе се справиме со делот од нашиот устав,кој недвосмислено пропишува дека правото на пристап пред судовите може да биде суспендирано само за време на инвазија или бунт?Ние немаме ниту инвазија ниту бунт.“
Претседателот Џорџ Буш успеа да ја спроведе својата волја и во други области.Така,американските војници или соработниците на ЦИА се заштитени од обвиненија поради прекршување на Женевската конвенција за воени зарабеници.Дефиницијата на ппимот непријателски борци е толку широка,што можат да бидат обвинети и оние кои само ќе пружаат поддршка на непријателските активности против САД и можат да бидат изведени пред воени судови.
Сепак,и критичарите на Буш успеаја во нешто,особено кај спорните методи на испрашување како потопување под вода,екстремно спречување спиење или шокови со студ,кои во Женевската конвенција имаат третман на воено кривично дело.За Демократите во САД законот и натаму останува со недостатоци.Карл Левин,демократски сенатор своето одбивање вака го образложува:
„Нашето неслагање да бидат изземени од воените судови особено оние затворенции,чии признанија дошле под принуда,е поради тоа што во широки делови од светот може да дојде до потврда на негативната слика за Америка,која настана со случаите во Абу Гариб и Гвантанамо.“