Русија – економски форум
10 јуни 2007Реклама
Рускиот претседател, Владимир Путин и вице премиерот, Сергеј Иванов, пред претставниците на светското стопанство во Санкт петерсбург, ја презентираа својата земја како партнер од доверба. Пред неколку илјади луѓе од бизнисот на форумот што се одржа вчера, Путин изјави дека Русија во странство има инвестирано 140 милијарди долари, а во земјата има 150 милијарди долари странски инвестиции, така што се работи за обостран процес на инвестирање. По повот економскиот форум, во Санкт Петерсбург демонстрираа околу три илјади пропадници на опозицијата во Русија, предводени од поранешниот шаховски светски првак, Гари Каспаров. Полицијата, овојпат, за разлика од претходните демонстрации, не интервенираше.