Русеф предлага референдум за реформи
25 јуни 2013Масовните протести во Бразил ја натераа претседателката Дилма Русеф да предложи одржување рефрендум на кој ќе се одлучи дали да биде свикано Уставно собрание чија задача би била да работи на опширни реформи.
„Бразил е зрел да оди натаму и стави јасно до знаење дека не сака да стои во место“, изјави Русеф. Таа имаше кризна седница со гувернерите и градоначалниците, како и со претставниците на протестното движење во земјата. Потоа излезе со предлог за пет реформски пакети, меѓу кои и подобрување на јавниот превоз, на здравствениот систем и на образованието.
Темата политичка реформа е често на агендата во Бразил. Сега треба да се преземе иницијатива за да се излезе од ќорсокакот. Сепак, последниот збор околу евентуалното одржување референдум го има Конгресот. Во Бразил, инаку, и во текот на вчерашниот ден илјадници луѓе излегоа на улиците да демонстрираат против корупцијата и високите трошоци за големи спротски настани, како и да барат подобрување на здравствениот и образовниот систем.