1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ругова за Дојче Веле: Стандардите на Косово до средината на 2005-та година

30 декември 2004

,, До средината на 2005-та година Косово ќе ги исполни сите стандарди кои ги бара меѓународната заедница. Тогаш Сад како и големите европски земји- Германија, Франција, Велика Британија и Италија треба директно да ја признаат независноста на покраината, изјави косовскиот претседател Ибрахим Ругова во интервју за Дојче Веле. И покрај таквиот оптимистички став, Ругова предупреди дека дијалогот Белград- Пришти

https://p.dw.com/p/AcyW
Ибрахим Ругова
Ибрахим РуговаФотографија: AP

�а ќе биде мошне тежок.

,, Белград не ја признава новата реалност на Косово и манипулира со Србите во покраината, рефлектирајќи ја кај нив старата логика на доминација,како и колебајќи ги да се интегрираат во државата и институциите на Косово,, рече Ругова прашан за дијалогот Белград- Приштина.

Како што посочи косовскиот претседател, институциите во покраината се подготвени да почнат преговори за решавање на финалниот статус. ,, Во општа смисла, ние сме подготвени , дури и денес да почнеме да раѕговараме за косовскиот статус. Инсистирам, дури и ако има преговори, на директно признавање на Косово, како на пример од САД, ЕУ и тоа ќе биде прифатливо дури и за нашите соседи. Прашањето е мошне јасно. Инсистирам нашата независност да биде признаена дури и од сите европски земји, на пример од Германија, Франција, велика Британија или Италија,, рече Ругова во интервјуто за Дојче Веле.

Зборувајќи за владината коалиција, Ругова рече дека таа ќе опстане, бидејќи е формирана по војла на коалициските партии.

,, Ние ќе соработуваме со опозицијата кога станува збор за општи прашања, ќе бидеме заедно кога е во прашање признавањето на независноста и другите големи проекти од национален нтерес,, рече Ругова.

Според него, најголем успех во 2004-та би било одржувањето на парламентарните избори, како и брзата изградба на институциите, што всушност би докажало дека Косоварите се способни да пронајдат решенија.