1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромите конечно до свои општински одборници на Косово?

25 октомври 2009

Косовските Роми ќе излезат на локалните избори на Косово закажани за 15 ноември. Тие очекуваат во општините каде се’ поголем број за првпат имаат свои претставници кои ќе ги решаваат нивните проблеми.

https://p.dw.com/p/KC3N
Ромите на Косово сакаат итно да им се подобри нивната состојбаФотографија: DW

Проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Косово, меѓу нив и Ромите во последниве години се таложат. Почнувајќи од невработеноста па се до правото на образование. Меѓу самите Роми од Косово преовладува страв дека решавањето на овие проблеми најмногу ќе зависи од нив самите.

Хаџи Зуљфи Мерџа претседател на Обединетата ромска партија на Косово и пратеник во парламентот на Косово, вели дека претстојните локални избори значат многу за неговите сонародници. Тие пред се’ по првпат ќе имаат свои одборници во општините каде што живеат и можат да се борат за своите права.

Ромите да сфатат дека се еднакви со другите на Косово

Додуша Ромите и досега излегуваа на избори но своите гласови им ги даваа на другите. Претставници на неромските партии наводно со ситници ги „купуваа“ нивните гласови. Повеќе нема да биде така?

„Имам најдобра екипа луѓе. Сите имаат високо образование: тоа се професори, доктори, инжинери. Се’ се млади луѓе. Овојпат верувам дека ќе добиеме многу гласови, освен ако немаме среќа. Само во Призрен би можеле да добиеме три до четири одборнички места“, вели Мерџа истакнувајќи дека на своите сонародници им го нуди она што најмногу им недостасува веќе со години.

Stadtansicht Kosovo, Prizren, Stadtansicht, KFOR, Truppen, Kontingent, Deutschland Foto: Alija Refki
Призрен: Ромите очекуваат тројца или четворица одборници во овој косовски градФотографија: DW

„Еднаш за секогаш да знаат дека се Роми. Еднаш за секогаш да знаат каде е нивното место и еднаш за секогаш да сфатат дека се еднакви со останатите граѓани на Косово. Тие треба слободно да размислуваат и да гласаат за своите Роми и за своите партии. Сето ова ни се случува поради тоа што во општините немаме свои одборници. Кога ќе ги имаме, тогаш и проблемите ќе ги решаваме преку нив“, самоуверен е Мерџа.

Пет пати помалку Роми на Косово отколку во 1999 година

Гани Тоска е носител на листата на Обединетата ромска партија во Пеќ и тој за очекувањата од претстојните избори на Косово вели: „За ромската заедница на Косово очекувам подобри денови, како на економски и социјален, така и на образовен план. Верувам дека е дојдено време ние Ромите да гласаме за свои претставници а не да зависиме од другите“

А што од овие избори очекуваат граѓаните? Мехмед Гаљуш е просветен работник од Призрен: „Верувам дека Ромите ќе направат чекор напред и дека ќе добиеме права како и останатите малцински заедници. Ние треба да одлучуваме сами за себе, а не да го прави тоа некој друг наместо нас.“

На Косово живеат околу 50 илјади Роми или петпати помалку од пред десет години.

Автор: Рефки Алија/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска