Розмари ди Карло во Скопје
9 октомври 2007Реклама
Заменик американскиот државен секретар Розмари Ди Карло денеска треба да допатува во Скопје на разговори со македонските власти. Темата НАТО но и актуелните политички случувања во земјата според најавите ќе биде во фокусот на разговорите на Ди Карло со државното раководство и претставниците на опозицијата. Ди Карло веќе нагласи дека Македонија ја ужива поддршката од САД за членство во НАТО. Истовремено предупдупреди дека процесот ќе се базира единствено на реформите кои мора да бидат остварени до самитот на Алијансата во април.