Рецепт за успешен бизнис
16 мај 201020 годишната Рочио Рикон оди кон нејзината омилена продавница „Еслоултимо“ - најнова мода. По задолжителното чекање во ред, таа ја покажува нејзината лична карта и други лични податоци. Дури потоа може да почне со шопингот. Еднаш месечно таа смее да си одбере пет производи, а затоа плаќа само 5 евра членарина. Во понудата има најнови креми и прехранбени производи. Студентката може да избира од вкупно 60 производи: „Нив не можете да ги најдете никаде. Освен тоа ваква продавница до сега немало во Барселона. Со оглед на тоа што еден производ може да се земе само еднаш, испробувам секогаш нови работи. Мислам дека е ова навистина необична идеја.“
Бисквити, додатоци за исхрана и енергетски пијалоци, младата Рочио ги избира нејзините пет фаворити. Мислење на купувачите за производите, токму ова ги интересира производителите. Прашањата за тоа се поставуваат на интернет и се дискутираат во социјалните мрежи како Фејсбук на пример: „На марките им се допаѓа нашиот модел. Постојано добиваме нови производи, а нивниот број секој ден се зголемува. Станува збор како за шпански, така и за европски марки. Досега одекот е многу позитивен,“ вели Јаир Леви од „Еслоултимо“.
Продавницата секојдневно ја посетуваат дури до 1.000 муштерии
Рафтовите во продавницата мора редовно да се полнат со нова роба. Но, иновативниот бизнис има и еден недостаток. Не се плаќа само 5 евра чланарина, туку треба да ги дадете комплетно и вашите лични податоци. Во Шпанија и онака мора за се’ нешто да се каже бројот на личната карта, па сепак заштитниците на потрошувачите предупредуваат на внимателност: „Ние како потрошувачи мораме и онака да биде попретпазливи со личните податоци што ги кажуваме. Особено сега во време на информативна технологија. Треба да се биде повнимателен, за да се заштити приватната и лична сфера,“ објаснува Алберто Хуан од Централата за заштита на потрошувачите. Рочио стои на касата и се разбира го кажува бројот на личната карта. Ова не претставува воопшто никаков проблем за неа и за другите 25.000 муштерии. Имено, „Еслоултимо“ е најнова мода!
Автор: Маркус Бениш/ Бисера Огњановска Митров
Редактор: Александра Трајковска