1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордна загуба на Дојче Банк

Катарина Бан/зј21 јануари 2016

Дојче Банк, најголемата германска банка, лани го оствари најлошиот деловен резултат и најголемата загуба во нејзината историја.

https://p.dw.com/p/1Hhi7
Фотографија: Reuters/T. Melville

Шокантна вест од Дојче Банк: најголемата германска банка западнала во уште поголеми загуби отколку што се претпоставуваше. Високите трошоци поради судски спорови, трошоците за тековната реорганизација и укинување на работни места предизвикале минус од 6,7 милијарди евра во билансот на банката. Ова беше соопштено синоќа, по крајот на работното време на берзите.

Многумина и претходно сметаа дека банката ќе прикаже голема загуба, но испадна полошо од очекуваното. Сегашниот минус од 6,7 милијарди евра е најголема загуба во историјата на Дојче Банк. По избувнувањето на финансиската криза во 2008. година таа еднаш веќе забележа голема загуба, но се опорави. Сепак, во изминатите години работите не и’ одеа оптимално, а во 2015. се отвори огромна дупка в билансот на банката.

Зделките на пазарот на капитал, како на пример пласманите на берзите, и’ опаднаа за 20 проценти - а тој таканаречен „инвестмент бенкинг“ е главниот извор на приходи. Дојче Банк заработува премалку пари и со нејзините приватни клиенти. Поради тоа годинава треба да биде рподадена Постбанк, која сега и’ припаѓа на Дојче Банк. Скапите правни спорови, новата ориентација и претстојното укинување на работни места ја чинат сочинуваат две милијарди во вкупните загуби.

Конкуренцијата во САД, која Дојче Банк порано планираше да ја достигне, сега е на недостижна оддалеченост: Џеј-Пи Морген, Ситигруп, МорганСтенли и Бенк оф Америка во меѓувреме остваруваат добивки изразени во милијарди.