Регионална акција против наркодилери
26 декември 2011Реклама
Портпаролот на министерството за внатрешни работи на Република Српска, Мирна Шоја, соопшти дека во Република Српска се уапсени седум лица, во Федерацијата Босна и Херцеговина шест, во Црна Гора 17 лица, а порано, во рамки на истата акција биле уапсени седум лица во Република Српска и 20 во Црна Гора.
Во рамки на акцијата „Трио“, припадниците на полицијата во Република Српска извршиле претрес на десет локации, додека во федерацијата БиХ е извршен претрес на девет локации. Претреси се извршени и на подрачјето на Црна Гора и Албанија.
Oрганизираната криминална група пренесувала сканк од Албанија, преку Црна Гора, на територија на Босна и Херцеговина и ја дистрибуирала во Хрватска.
Автор: ЕМФ/фена/бета
Редактор: Ж. Ацеска