1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на насилството на Косово

12 февруари 2007

По судирите од саботата во Приштина во кои двајца косовски Албљанци ги загубија животите, политичарите на Косово и од Европската унија едногласно повикуваат на умереност.

https://p.dw.com/p/AdgB

Освен претставниците на протестното движење “Самоопределувањe" кои вината за смртта на двајцата Албанци ја префрлуваат врз полицијата, политичарите од сите партии го осудија насилството од минатата сабота. Претседателот Фатмир Сејдиу го осуди фактот што протестите прераснаа во насилство кое може да му наштети на угледот на Косово и да ги загрози преговорите:

“Секој има право да протестира и да го искаже својот став, но не е прифатливо да се организираат насилнички демонстрации чиј цел е да се нападнат институциите и да ја дестабилизираат вкупната ситуација“.

Портпаролот на косовската полиција Ветон Елшани најави независна истрага:

“Жалосно што е две лица ги загубија животите. Демонстрантите ја принудија полицијата да преземе мерки за да ја заштити зградата на владата и да го зачува редот. Полицијата ќе поведе независна истрага за да ги испита околностите што доведоа до загинувањето на двете лица“.

Реми Дурло, портпарол на Марти Ахтисари не гледа дека поради инцидентот се загрозени преговорите за Косово:

“Она што секогаш го велиме е дека нема да дозволиме насилството да го запре процесот. Она што се случи во викендот е за жалење, посебно смртта на две лица. Се надеваме дека тоа нема да води кон ескалација, а она што можевме да го видиме од медиумите е дека во Приштина владее единство да се осуди насилството на демонстрантите и повикаа на мир“.