Реакции на аудиенцијата на папата
26 септември 2006Потпретседателот на исламската заедница во Италија, Јае Палавачини, изјави: “Оваа средба беше многу куса, но со длабоко значење. Папата ја потврди својата симпатија и солидарност, како и пријателството кон муслиманскиот свет и на некој начин почитта кон исламот како религија, верувајќи во еден и единствен господ.“
Ирачкиот амбасадор во Светата столица, Алберто Едвард Исмаил Јелда, пак, рече: “Светиот отец уште еднаш ја изрази неговата длабока почит кон сите муслимани на светот и кон исламот и изрази желба за изградба на меѓусебни мостови и почит.“
Претседателот на унијата на исламски заедници во Италија. Мохамед Нур Дахан, смета дека средбата на папата со исламските претставници е знак на волја за дијалог која не може и не смее да се превиди. Претставникот на муслиманската светска лига, Марио Скиалоја, пак, говори за повторен почеток на една прекината врска.
Националните здруженија на млади во еврејските, муслиманските и католичките заедници во заедничка изјава соопштија дека од најголема важност е да се настојува на дијалог меѓу различните вери и култури.
Позитивни реакции на потегот на папата има и во редовите на католиците ширум светот. Претседателот на германската бискупска конференција, Карл Леман, на пример, изјави дека папата направил добар гест и се радува што Рим прави се за на оние што имаат добра волја да им објасни за што се работи. Бискупот надлежен за католичките верници во шест арапски земји, Паул Хиндер, средбата на папата ја означи како многу важна за ситуацијата на верниците во неговиот регион на дејствување. Од страна на муслиманите има доволно знаци дека постои подготвеност за решение на конфликтот на мирен начин, изјави Хиндер.