Рајс бара поддршка за конференцијата за Блиски исток
21 септември 2007Реклама
Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс, ќе вложи напори за успешно завршување на Блиско источната конференција планирана за ноември годинава. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и претседателот на палестинците Махмуд Абас исто така работата енергично за спроведување на оваа цел, рече Рајс по средбата со Абас во Рамала. – Белта куќа соопшти дека Абас во понеделник треба да се сретне со американскиот претседаетл Џорџ Буш. Дали на маргините на Генералното собрание на ОН Буш ќе се сретне и со Олмерт сеуште не се знае.