1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рајан Ер - летечки дисконт

Кристијан Улиг/сн26 мај 2016

Авиокомпанијата Рајан Ер по бројот на патници е број 1 во Европа. Концептот на евтини летови изгледа добро функционира. Рајан Ер во иднина сака да понуди повеќе флексибилност и поголем комфор.

https://p.dw.com/p/1Iuq6
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Huguen

Таканаречените буџет-авиокомпании вистински го размешаа меѓународниот авиосообраќај. Во меѓувреме на годишно ниво преку 700 милиони луѓе патуваат со евтините авиопревозници или една третина од вкупниот број патници. Во Германија овој однос е уште поекстремен. Секој трет патник, имено, е муштерија на буџет-авиокомпанија. А крал меѓу нив е недвосмислено Рајан Ер.

Да се лета - тоа некогаш беше исклучително скапо, но и покрај тоа беше посебно чувство: да се видат далечни светови, да се ужива во луксуз и ексклузивност.

Да се лета денес е ексклузивно исто колку и да се оди во супермаркет. РајанЕр ја забрза демократијата на летање.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Дисконт над облаците

Компанијата основана во 80-тите години од пред 17 години лета и во Германија. А за да ги заобиколи големите аеродромски такси го заобиколи и големиот Франкфуртски аеродром.

Така, кога летате со Рајан Ер за Франкфурт - тоа е Франкфурт, но Франкфурт Хан! Чек ин на шалтер се плаќа дополнително. Дополнително плаќате и резервација на седишта. Секако, доколку нешто сакате кога сте во авионот- и тоа дополнително се плаќа, како и багажот. Тоа се причините зошто Рајан Ер на европските летови може да понуди карти поевтини од 50 евра, додека цената за иста карта кај Луфтханза чини на пример 230 евра. Бројот на патници тоа го отсликува понатаму.

Во првите 3 месеци годинава со Рајан Ер летале над 23 милиони патници во Европа. На второ место се наоѓа Луфтханза со 22 милиони.

Fluggesellschaft Ryanair
Фотографија: picture-alliance/Ingo Wagner

Интернешнал Ерлајнс Груп - заедно со Бритиш Ервејс и Ибериа - е на трето место со 20 милиони патници и со тој број се пред Ер Франс и холандската компанија КЛМ.

Евтиниот понудувач Изи џет им се зад петиците, со 15 милиони патници.

Шефот на Рајан Ер, Мајкл О’Лири, дури на глас размислува да воведе места за стоење и да почне да наплаќа за користење на тоалетот.

Тука се исто така и обвинувањата дека Рајан Ер не плаќа соодветен персонал и не одговара на општествените стандарди. Компанијата тоа го негира. А за да продолжат да врбуваат нови патници, букирањето карти во иднина би требало да поефвини, а и комфорот во авионот би требало да се подобри.

Но, во овој случај не морате да се грижите - рајот над облаците нема да исчезне. Рајан Ер останува Рајан Ер.