1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте притисокот на НАТО врз Германија за мисијата во Ирак

18 ноември 2004
https://p.dw.com/p/Ad1H

Советот на НАТО вчера донесе одлука за планирање на испраќањето 300 војници во Ирак, кои треба да помогнат во обучувањето на ирачката армија. Германија до сега во повеќе наврати одбиваше какво и да е стационирање војници на Бундесверот во Ирак и нудеше помош за обука на Ирачаните во соседни земји.

По генералниот секретар на Алијансата Јап Де Хоп Шефер, сега против повлекувањето на одделни земји од овој ангажман се изјасни и шефот на Воениот комитет на НАТО, генералот Харалд Кујат, по потекло од Германија. Заедничката воена структура е важен темел на Алијансата, со кој сите мора внимателно да се однесуваат, порача Кујат. Поради категоричниот став на владата во Берлин, можно е да дојде до повлекување на германски офицери од штабовите на НАТО, кои би требало да работат во мисијата во Ирак.