1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расмусен во посета на Македонија

БГ/миа22 мај 2014

Генералниот секретар на НАТО доаѓа во Македонија, на средби со државниот и политичкиот врв, во рамките на балканската турнеја.

https://p.dw.com/p/1C3xh
Фотографија: Reuters

Во рамките на посетата на Регионот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денеска (22.05) ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, како што соопшти денеска МНР, генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Генералниот секретар Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.

Расмусен нема да се сретне со претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој замина во повеќедневна посета на Рим, каде ќе земе учество на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.