1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ранети полицајци во општина Зубин Поток

АТ/ миа/ бета1 април 2014

Тројца припадници на Косовската полиција се повредени синоќа (31.03) во пукотница во општина Зубин Поток, во северниот дел на Косово. Повредени се и полицајци од пограничната полиција од српска националност.

https://p.dw.com/p/1BZPD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во селото Бање, во општина Зубин Поток, непознати лица од заседа отвориле оган врз патрола на Косовската полиција и раниле три лица.

Еден од повредените е пренесен во болница во Косовоска Митровица, а останатите двајца побарале лекарска помош во Зубин Поток.

Портпаролот на Косовската полиција Баки Кељани за агенцијата Бета потврди дека вчеравечер се случил вооружен напад и дека според неговите сознанија се поврдени полицајци од српска националност. Спoред неговите зборови деталите од истрагата не се познати, бидејќи таа е во тек.

Директорот на здравствениот центар Милан Ивановиќ изјави дека во пукотница во близина на Зубин Поток е повреден Оливер Кузмановиќ, кој се здобил со повреди на градниот кош и стомакот.

Косовските медиуми исто така јавуваат дека во пукотницата кај Зубин Поток се повредени полицајци од српска националност, припадници на пограничната полиција.