Работа за ниски плати
12 февруари 2014Повеќе од половината работници од источните ЕУ-членки, односно 53%, припаѓаат во категоријата лица со ниски примања. Кај вработените Германци, процентот на лица со ниски плати изнесува 19,7, јавува Зидвест Рундфунк (СВР).
Овој медиум, повикувајќи се на информации на Сојузната агенција за труд, денеска (12.02) јавува дека податоците датираат од декември 2012 година. Тие ѝ биле проследени на пратеничката на Партијата на левицата Сабине Цимерман, на најзино барање.
Согласно дефиницијата на Сојузната агенција за труд, во категоријата лица со ниски примања се вбројуваат оние кои заработуваат помалку од 1926 евра бруто, а притоа работат со полно работно време.
Цимерман за СВР оценува дека лицата кои немаат германско државјанство се систематски полошо поставени на пазарот на работна сила. Тоа е „доказ за лошата политика на пазарот на работна сила“, вели Цимерман.