1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин и Ердоган играат на енергетската карта

Андреј Гурков
11 октомври 2016

Москва и Анкара одлучија да ја игнорираат војната во Сирија и да го продолжат заемното толерирање во конфликтот. Но затоа, соработката во економијата и енергијата треба да процвета.

https://p.dw.com/p/2R6Eh
Türkei Weltenergiekongress 2016 in Istanbul - Putin und Erdogan
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Pala

Најактуелниот горлив меѓународен проблем - Сирија - беше речиси заборавен во Истанбул. Големата тема беше енергијата. Реџеп Таип Ердоган го организираше 23. Светски енергетски конгрес, а најпроминентниот говорник се викаше Владимир Путин.
Рускиот и турскиот претседател го искористија Форумот за важни енергетско-политички изјави и визии за иднината. На маргините на состанокот, двајцата државници го испреговараа и договорија потпишувањето на обврзувачкиот документ за изградбата на гасоводот Турски тек.
На прв поглед делува како да се случило драматично приближување меѓу двајцата политичари, затоа што се среќаваат по трет пат во последните два месеца. Притоа, според сопственото признание, уште двапати разговарале и телефонски во меѓувреме.
Се создава ли оска Москва-Анкара, која би била предизвик или дури и проблем за Западот? Тоа е прашањето кое ги загрижува политичарите и аналитичарите во ЕУ, но пред сѐ во НАТО. Одговорот е едно јасно „не“. Во конфликтот во Сирија двајцата политичари, кои во медиумите често се опишуваат како Царот и Султанот, де-факто се противници, а нивните спротивставени геополитички интереси директно се судираат на таа територија. 

Gurkov Andrey Kommentarbild App
Андреј Гурков

Взаемно толерирање во Сирија

Она што се случува во последните два месеца е обид на двајцата владетели, кои водат еден антизападен курс, да ги закопаат воените секири и да овозможат барем нормализирање на билатералните односи. Па така Путин во заедничкото соопштение со Ердоган најави прекин на забраната за увоз за турски земјоделски производи.
Што се однесува до Сирија, се чини дека двете страни се согласија за некој вид меѓусебно тивко толерирање: Анкара ја премолчува руската поддршка за режимот на Асад и растечкото руско воено присуство во Сирија, додека Москва не протестира против турскиот воен ангажман на северот на Сирија. 

Далеку попродуктивна за двајцата претседатели беше темата енергија. На тоа поле беа видливи чекори напред. По двегодишно одложување конечно беше потпишан договор за изградба на гасоводот Турски тек кој ќе минува под Црното Море. Се говори за две нишки: едната за снабдување на европскиот дел на Турција, а другата за пренос кон Грција и веројатно натаму кон Италија. Тоа е добра вест рускиот енергетски концерн Газпром која му ги зголемува шансите за рентабилност. Притоа концернот ќе мора да проголта една кнедла: Путин ѝ вети на Турција попуст на цената на рускиот гас.
Склучувањето на договорот е добра вест и за Грците кои можат да профитираат од гасоводот, но не и за Украинците кои ќе бидат заобиколени. Ни Бугарите не се воодушевени, затоа што и тие се надеваа дека ќе ја претворат земјата во гасен и енергетски центар во регионот.