1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин го зголемува влогот: Русија ќе се брани со нуклеарки

БГ /АП
19 ноември 2024

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се проширува опсегот за употреба на нуклеарно оружје, во директна порака кон Западот и Украина.

https://p.dw.com/p/4n91H
Владимир Путин Русија
Владимир Путин потпиша декрет со кој се проширува опсегот за употреба на нуклеарно оружјеФотографија: Aleksei Nikolsky/Pool Sputnik Kremlin/AP/dpa/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот одобри измени во нуклеарната доктрина кои и ја отвораат вратата на Русија за користење нуклеарно оружје доколку земјата е цел на ракетен напад со конвенционално оружје поддржан од нуклеарна сила.

Одлуката да се смени официјалната руска нуклеарна доктрина е одговор на Кремљ на одлуката на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел против Русија. 

Ажурираната доктрина ги дефинира заканите кон Русија на кои раководството би одговорило со нуклеарен напад. Меѓу нив се вброени напади со конвенционални ракети, дронови и други летала кои ги исполнуваат критериумите. Исто така се дополнува дека агресија врз Русија од држава која е членка на коалиција, од Москва ќе биде сметана како агресија од целата коалиција. 

Средство за одвраќање  

Одлуката доаѓа на 1.000 ден од руската агресија врз Украина и откако САД му дадоа дозвола на Киев да користи ракети со долг дострел. 

Инфографика Русија
Распоред на руското нуклеарно оружје

„Беше неопходно да ги ускладиме нашите принципи со новата ситуација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, додавајќи дека Русија „секогаш го сметала нуклеарното оружје како средство за одвраќање“.

Во изминатите три години од почетокот на агресијата врз Украина, Путин во повеќе наврати се закануваше со употреба на нуклеарно оружје. Кога измените за првпат беа најавени во септември годинава, Песков ги нарече „предупредување“ против секој кој има намера да учествува „во напад врз нашата земја со различни средства, кои не мора да биде нуклеарни“. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема