Профитот на Боинг во висок лет
26 април 2012Невообичаено големата побарувачка на модерни патнички авиони за американскиот производител на авиони Боинг значи добивка. Обртот во првиот квартал годинава се зголеми за една третина - на 19,4 милијарди долари. Добивката во споредба со истниот квартал лани е покачена дури за 58 проценти - на 923 милиони долари.
Ваквиот позитивен тренд се отслика и на пазарот со акции: добивката по акција се зголеми за 56 проценти на 1,22 американски долари - претходно се очекуваше вредност од 94 центи по акција. На Вол стрит на стартот на берзата Боинг се вброи меѓу добитниците - неговите хартии од вреднсот пораснаа за 2,9 проценти.
Производител на авиони од Чикаго, со оглед на успехот во првиот квартал од тековната трговска година, ги корегираше очекувањата за годинава: Боинг очекува во 2012 година да постигне обрт од 80 милијарди долари.