Протестите во Белорусија продолжуваат
21 март 2006Опозицијата во Белорусија има намера да продолжи со протестите и покрај заканите на власта. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, од владата во Минск побара да го почитува правото на слобода на мислење и на собирање:
“Од белоруската влада барам да го почитува правото на слобода на собирање и да не презема репресивни мерки.“
Според мислењето на меѓународните набљудувачи, изборите одржани во неделата не биле ниту слободни, ниту фер.
Претседателските избори во Белорусија не одговараа ниту на меѓународните стандарди,ниту на демократското гласање. Тие не протекоа фер и слободно,изјави раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и претседател на Парламентарното собрание, Алце Хастингс во Минск. Демократијата во Белорусија сеуште носи детски чевли,додаде тој. Свеоволното употребување на државните средства, кое очигледно требаше да ги штити властите,ги премина разумните граници, остро критикуваат набљудувачите од ОБСЕ.
САД не сакаат да ги признаат резултатите од изборите и бараат одржување нови избори. Според официјалните резултати, Александар Лукашенко, кој владее 12 години, добил 83% од гласовите, а лидерот на опозицијата, Александар Милинкевич, шест проценти гласови.