Пронјдени црните кутии од авионот што се урна на Пукет
17 септември 2007Реклама
По авионската несреќа на тајландскиот остров Пукет пронајдени се двете црни кутии. Во меѓувреме, според авиокомпанијата се зголеми и бројот на жртвите на 90 лица. Меѓу погинатите се и двајцата пилот. Авионот со 130 патници се урна вчера. При слетувањето на аеродромот на Пукет имало невреме со дожд и силен ветер. Авионот се излига од патеката за слетување и се подели на два дела, по што изби пожар.