Здравје
Производителите на марихуана плаќаат данок со „врзопчиња“
8 август 2017Реклама
Производителите на медицинска марихуана немаат банкарска сметка, затоа што нивниот производ, според сојузниот закон, е илегален. Тоа значи: броење, врзување, возење...
„Секогаш гледам во ретровизорот, зашто сакам да сум сигурен дека никој не ме следи“, вели Џеред Кајло, производител на медицинска марихуана, кој секој месец со возило носи 40.000 долари до надлежната институција.
Тоа е напорно, но во иднина нема многу да смени. Освен, ако банките не решат да работат спротивно на законот.