Продолжуваат судирите во Либан
28 мај 2007Реклама
Продолжуваат судирите меѓу либанските сили и исламистите од Фатах Ал Ислам. Исламските милитанти синоќа нападнаа пункт на либанската армија во близина на палестинскиот камп на северот од Либан и покрај постигнатиот договор за прекин на огнот. Либанската армија го опколи кампот, а владата во Бејрут објави дека на припадниците на Фатах Ал Ислам им дава рок до средината на седмицата да прекинат со насилствата. Во досегашните судири меѓу либанските безбедносни сили и исламистите загинаа неколку десетици лица.