Продолжуваат преговорите меѓу железницата и синдикатите
4 јули 2007Реклама
Германската железница најави дека ќе им даде подобра понуда во тарифните преговори на синдикатите на железничарите по серијата предупредувачки штрајкови која продолжи и денеска. Норберт Хансен, претставникот на една од двата синдиката кои беа на разговори со шефот на Дојче Бан, Хармут Медхор изјави дека ако понудата им одговара на барањата тогаш штрајкот ќе биде прекинат. Тие бараат зголемување на платите за 7%. На разговорите не учествуваат претставници на третиот, синдикатот на машиновозачите, кои бараат зголемување на платите за 31%. Од денешниот неколкучасовен прекин на железничкиот сообраќај најпогоден беше источниот дел на Германија.