Приштина го осуди палењето македонско знаме
25 ноември 2011„Некои поединци истакнаа трансперент на кој беше изразена омраза и го запалија знамето на Република Македонија“, се вели во соопштение од косовското МВР. Министерството додава дека во тек е истрага и ќе бидат преземени мерки за да се казнат одговорните за инцидентот.
Македонија вчера го осуди палењето македонско знаме на фудбалски натпревар меѓу клубовите Лепенци и Дрита во Качаник и истакнувањето на транспарентот.
Косовскиот амбасадор Скендер Дурмиши пак во Скопје денеска се сретна се македонскиот државен советник за Југоисточна Европа и регионални иницијативи Дејан Костадинов-Петров. Тие се согласиле дека „ваквите чинови треба да бидат најостро осудени и санкционирани од страна на официјалните институции, како и да бидат преземени итни превентивни мерки против нивно повторување“. Петров и Дурмиши се согласиле дека случувањата на натпреварот Лепенци - Дрита не кореспондираат со добрите односи меѓу двете земји.
Автор: ЖА/ГЧ/миа
Редактор: Горан Чутаноски